НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео)Шоу на Трамп и Палоси пред гласањето за импичмент

0
By Нова ТВ on February 5, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешната реалити ТВ-ѕвезда Доналд Трамп беше целосно во свој елемент за време на говорот за состојбата на нацијата. Тој синоќа по третпат се обрати до нацијата во традиционалниот годишен говор наречен „За состојбата на единството“. Настанот беше засенет од партиски поделби и конфликт со Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом. Обраќањето на Трамп се случува еден ден пред крајното сослушување во Сенатот, во постапката за негов импичмент. Според многумина набљудувачи, вака сложенета политичка ситуација во САД е уникатна и без преседан, кога еден претседател е истовремено отповикан од Претставничкиот дом, и поканет од истото тоа тело да се обрати пред конгресмените кои бараат негово отстранување.

Адвокатите на американскиот претседател Доналд Трамп го завршија во понеделникот изнесувањето на аргументите на одбраната во процесот на импичметот, повикувајќи ги сенаторите кои денеска треба да ја објават својата одлука, да го ослободат. Демократите го обвинуваат Трамп дека барал од украинскиот претседател да поведе истрага за вмешаност на неговиот можен деморкатски противкандидат Џо Бајден и оти потоа ја попречувал истрагата на Конгресот. Во Сенатот со 53 наспроти 47 гласа мнозинството го имаат републиканците, а имајќи предвид дека за отповикување на претседателот неопходно се две третини од гласовите, извесно е дека Трамп ќе се спаси.

Би- Би – Си избра пет клучни детали од неговиот говор, додека Ен-Би-Си ловеше што е вистина, а што лага.

1. Напнатоста е повеќе од опиплива

Обраќањето на нацијата беше обележано со две упадливи прекршувања на правилата. Започна кога претседателот, додека го предаваше текстот од говорот Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом, намерно се заврте одбивајќи ја подадената рака. Потоа Пелоси одби да го употреби традиционалниот термин – дека е „почестена“ да го претстави претседателот. Кога Трамп го заврши својот говор, Пелоси драматично искина еден куп документи со текстот од обраќањето на нацијата и ги расфрли по масата. Подоцна на известувачот на Фокс Нјуз му рече дека тоа е „најпристојниот“ потег во споредба со она што можела да го направи.

Кога Трамп зборуваше за правото да носи оружје, обезбедувањето го отстрани од публиката таткото на детето убиено во пукање во училиште во Паркленд, Флорида, во 2018 година, бидејќи гласно протестираше против постојните закони. Републиканските претставници честопати бучно го бодреа Трамп, додека демократите седеа неподвижно во тишина или бесно воздивнуваа во знак на противење.

2. Која ќе биде темата на новата претседателска кампања

Обично во последното обраќање до нацијата, претседателот кој повторно ќе излезе на избори, ја навестува темата на која ќе се темели неговата кампања. Ако ова е точно, од говорот на Трамп е јасно дека новиот обид да стане претседател ќе се заснова на моменталната состојба на американската економија. Додека бројките за економската војна минатата година беа релативно скромни, претседателот, сепак, избра да се пофали со рекордна економска експанзија. Во крајот на говорот – во делот што го гледаат повеќето Американци – Трамп јуришаше низ листа со факти и бројки кои го поддржуваат неговиот заклучок дека ситуацијата во Америка е добра и дека ќе остане така ако добие уште еден четиригодишен мандат. Тој ја наведе дерегулацијата, намалувањето на даноците и новите трговски зделки како негов рецепт за успех. Во претстојната кампања, очекувајте дека многу често ќе се потенцира дека промената во политиката под водство на демократите би ги погодила американските гласачи таму каде што се најмногу повредени – во нивните паричници.

3. Мала инклузија

Во најважниот дел од говорот, Трамп рече дека гради „најпросперитетно и најинклузивно општество во светот“. Употребата на зборот „инклузивно“ не е случајна. Во текот на својот говор, претседателот повеќе пати се осврнуваше на малцинските групи во Америка – групи кои, според него, како што покажувале истражувањето, се многу сомнителни. Трамп спомена дека ја потпишал програмата за реформа на кривичниот систем и издвоил пари за колеџи и универзитети традиционално познати по голем број афро-американски студенти. Тој особено ја нагласи ниската стапка на невработеност кај „афро хиспано и Американците од азиско потекло“. Ако претседателот успешно ја зголеми популарноста меѓу гласачите од малцинствата и ги убеди независните гласачи дека обвинувањата на демократите за расизам и ксенофобија се неосновани и навредливи напади, неговиот пат до реизбор ќе биде многу полесен. И ова обраќање до нацијата укажува дека Трамп е многу свесен за тоа.

4. Ноќ на театралноста

Секој претседател од Роналд Реган до денес се потпираше секогаш на препознатливи гости за јавноста, како средство за истакнување на одреден политички предлог или препознавање на вредноста на жртвата на признати лица. Дури и во најстресните периоди, овие потези му носеле на претседателот аплауз и одобрување од обете политички сили. Обраќајќи се на нацијата, Трамп, шоумен до срж, отиде еден чекор подалеку. Во средината на говорот, тој ја повика првата дама да му додели претседателски орден на слободата на конзервативниот радио презентер Руш Лимбо, кој истиот ден објави дека боледува од карцином на белите дробови во напредната фаза, а потоа ги изненади сопругата и семејството на наредникот во американската војска, доведувајќи го во Конгресот по седум месеци служба во Авганистан.

„Не можевме да дозволиме повеќе да чека“, рече Трамп во момент кој делуваше како сценарио за семејно попладневно токшоу.

5) Полна вреќа со ветувања

Доналд Трамп потенцираше неколку приоритети – од кои ниту еден нема големи шанси за успех сè додека Конгресот е заробен од несогласувањата на двете партии. Кога тој спомена, на пример, дека планира да ја намали цената на лековите што се издаваат на рецепт, демократите мафтаа со предлог-законот, кој со месеци чекаше за одобрување на Сенатот управуван од републиканците. Инвестирањето во инфраструктура, вечна тема за време на мандатот на Трамп, доби салви од републиканските претставници, исто како и друг план да испрати американска мисија на Месечината и на Марс. Трамп исто така повика на закон што ќе им овозможи на жртвите на злосторства извршени од илегални имигранти да ги тужат градовите кои не соработуваат со федералните власти за имиграција, како и да се забранат абортуси за време на бременоста – и двата предлога се сретнаа со ледениот молк на демократите.

Ен-Би-Си, пак, ловеше што е факт, а што лага во говорот на Трамп

Тврдење 1:

„Благодарение на нашата смела регулаторна кампања, САД станаа светски производител број еден на нафта и гас“.
Факти: САД се најголем производител на природен гас од 2011 година и на нафта од 2014 година, според Американската администрација за енергетски информации, што ги следи релевантните податоци. Трамп ја презеде функцијата во 2017 година.

Тврдење 2:

„После загубата на 60.000 фабрики во претходните две администрации, сега САД има 12.000 нови фабрики под мојата администрација“.
Факти: Трамп генерално е целосно во право иако неговите податоци се малку изменети. САД изгубија 53.659 фабрики за време на двете претходни администрации, а не 60.000, според Бирото за статистика на трудот. Но, тој е во право кога рече дека тој тренд се сменил под негова администрација. Помеѓу 2017 и вториот квартал од минатата година, САД додале 12.074 фабрики, според најновите достапни податоци на Бирото.

Тврдење 3:

„После мојот избор, создадовме 7 милиони нови работни места, 5 милиони повеќе отколку што предвидуваа владините експерти во претходната администрација“.
Факти: Овие бројки се заблуда. Трамп исто така ја смета и работата под администрацијата на Обама. Сепак, економијата не се движеше толку брзо. Откако Трамп ја презеде функцијата, земјата додаде 6,7 милиони работни места за 36 месеци. Тој исто така смета дека ова е невиден успех што никој не можел да го предвиди, но не е така. За 36 месеци пред преземањето на функцијата на Трамп, Обама создаде 8,2 милиони работни места.

Тврдење 4:

„Доколку не ги сменевме неуспешните економски политики на претходната администрација, светот сега немаше да биде сведок на овој голем економски успех“.
Факти: Економистите веруваат дека тековниот период на економски раст започна со администрацијата на Обама. Некои велат дека намалувањето на даноците на Трамп можеби го поттикнало, но економијата не се намалила кога Трамп ја презеде функцијата.

Тврдење 5:

„Стапките на невработеност меѓу Афроамериканците, хиспано-американците и Азијците достигнаа најниски нивоа во историјата“.
Факти: Тоа е точно. Стапките на невработеност за секоја од тие заедници достигнаа најниски нивоа во историјата, иако сите три се зголемија малку по достигнувањето на овие најниски нивоа.

Тврдење 6:

„Им го дадов железни ветувања на американските семејства: Ние секогаш ќе ги заштитуваме пациентите под сегашни услови”.
Факти: Ова е лага. Тврдењето е верифицирано претходно, затоа што Трамп тоа го зборуваше со години. Но, доказите го негираат: администрацијата на Трамп ја судски процес во кој се тврди дека поддршката на Обама под сегашните околности е нелегална и Белата куќа не предложи алтернативно законодавство.

импичмент Пелоси Трамп шоу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.