Најмалку 130 луѓе загинаа во терористичките напади во Париз, во нападите пред барови и ресторани, во концертната сала „Батаклан“ и пред стадионот во францускиот главен град каде што се играше пријателскиот натпревар помеѓу Франција и Германија.
Симулацијата покажува како терористите дејствуваат за време на нападите, и одговорот на специјалните сили.
Според полицијата, четворица напаѓачи детонирале самоубиствени бомби. По тројца од терористите и понатаму се трага.
Во денешната акција пак, при трагањето по терористите двајца беа убиени, неколумина полицајци беа повредени а седуммина беа уапсени.
Меѓу загинатите е и една жена која се саморазнесла во станот, каде полицијата се соменавал дека се крие терористичка ќелија поврзана со нападите.
Целта на акцијата беше да се фати мозкот на терористичките напади Абделхамид Абуд, кој се уште не е пронајден.
Француските антитеростички сили се во потрага и по деветтиот член на групата, која ги организирала нападите, Фабиен Клен, инаку стар член на исламистичка мрежа во Тулуз, чиј глас е идентификуван на аудио – снимката со која Исламската држава ја презема одоговорноста за нападите во Париз.
Исто така, продолжува потрагата и по Салах Абделслам, за кого се сомнева дека бил еден од напаѓачите.




