Во Бирото на Радио Слободна Европа во Баку, во придружба на вооружени полицајци се влезени службеници на обвинителството на Азербејџан. Тие велат дека тие имале судска одлука за затворање на Бирото, јавува Радио Слободна Европа.
Директорот на Азербејџанскиот Сервис на Радио Слободна Европа Кенан Алиев, изјави дека најмалку 10 членови на Јавното обвинителство влегле изутрината во придружба на вооружени полицајци.
На новинарите им е соопштено дека работата на Бирото на РСЕ се затвора, но не е прецизирано за колку време.
Претходно 20 – те членови на бирото беа држени во една соба без пристап до телефони и компјутери.
Обвинителите рекле дека судскиот налог е поврзан со тековната истрага врз РСЕ како странски финансиран субјект.
Претходно, новинарката на Радио Слободна Европа Кнадија Исмаилова која долго време го истражуваше криминалот на семејството на претседателот, заврши во притвор поради наводно поттикнување на самоубиство на колега новинар.
Азербејџанското обвинителство организираше слични акции во последните неколку години и врз други странски субјекти како ИРЕКС и Националниот Демократски Институт, кои беа затворени.
Превземено од Радио Слободна Европа, македонски сервис




