Руски воен авион е срушен утрово на сиријската страна од границата меѓу Турција и Сирија, соопшти портпаролот на руското министерство за надворешни работи. Како што соопшти тој, авионот не го прекршил воздушниот простор на Турција, како што известуваат некои од медиумите во светот.
– За време на летот, авионот леташе во рамките на Сирија, со што беше и регистриран на радарите, изјави портпаролот кој рече дека најверојатно авионот бил срушен од земја.
Министерството напоменува дека двајцата пилоти успеале да се катапултираат, но за сега не се знае нивната состојба.
Авионот летал на висина од 6.000 метри.
Според „Раша Тудеј“ пак, турската војска го предупредила авионот најмалку 10 пати во период од 5 минути пред да го собори, бидејќи го нарушил турскиот воздушен простор.
Ваквиот развој на настаните речиси беше неизбежен бидејќи во тој воздушен простор директно или индиректно се инволвирани повеќе земји во сиријската војска, меѓу кои Русија, САД, Франција, Турција.
Руски воен авион во неколку наврати беше забележан претходно над Турција, откако ја почна кампањата за бомбардирање на џихадистите на ИСИС.




