Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Светски ден на здравјето: Ви благодариме што се грижите за нас, но чувајте се и вие

0
By Нова ТВ on April 7, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Здравстените работници денеска го одбележуваат Светскиот ден на здравјето (7 април). Но, за разлика од изминатите години, овојпат го дочекуваат на првата борбена линија на фронтот против невидливиот непријател наречен коронавирус или ковид-19 кој е планетарна закана број еден во моментот. Со нивната максимална посветеност и пожртвуваност, деноноќно се обидуваат да спасат што е можно повеќе човечки животи за што го добија епитетот „херои на нашето време“.

Честитки до нив стигнуваат од сите страни, од сите релевантни здравствени организации, институции, агенции, од граѓаните. И во сите има заедничка порака: „Ви благодариме што се грижите за нас, но грижете се и за вас. Чувајте се“.

Министерот за здравство Венко Филипче по повод Светскиот ден на здравјето упати честитка до сите здравствени работници во земјава кои ги нарече „столб на здравствениот систем“ и кои имаат клучна улога во давањето здравствена нега и грижа за здравјето во овие моменти на тешки предизвици и искушенија, но и во нормални околности.

„Исправени сме пред најголемиот светски здравствен предизвик, ја водиме битката на нашата генерација. Коронавирусот од корен го смени нашето секојдневие и ќе направи трајни промени во нашите животи. Во оваа битка вие сте хероите. Вашиот труд и пожртвуваност спасуваат животи и токму заради вас луѓето веруваат дека ќе бидат безбедни и здрави. Сега, здравството и здравствените работници се клучниот столб во државата. Знам дека во моментот носите огромен товар. Заморот полека сите нè стигнува, а нè чекаат уште тешки денови. Но, верувам дека секој од вас знае колку е важно да издржиме, да останеме посветени, концентрирани и да дадеме се од себе да им помогнеме на нашите сограѓани. Многу е важно да се грижите и за себе и за своето здравје. Вие сте први на удар на вирусот и мора да се штитите. Без исклучок, штитете се на работното место, но и надвор од него. Грижете се за себе, за да можете да и натаму да се грижите за пациентите“, се вели во честитката на Филипче.

7 април Коронавирус Светски ден на здравје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.