Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО Тајланд: Аплаузи и извици на радост-децата и тренерот се спасени

4
By Нова ТВ on July 10, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите деца и нивниот тренер се извлечени од пештерата во Тајланд каде беа заглавени од 23 јуни кога влегле во неа после тренинг.

Во пештерата засега се уште еден лекар и тројца припадници на морнаричките нуркачи „Фоки“.

Сите досега извлечени момчиња со хеликоптер се пренесени во болница во блискиот град Чианг Раи.

Спасувачката операција трае три дена, и секој ден досега беа извлекувани по четири момчиња.

Во третиот ден од операцијата во пештерата Там Луанг влегле 19 спасувачи. На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и враќање назад, му се потребни 11 часа. Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки. На некои места видливоста во водата е речиси нула.

Денеска се објавени и информации за состојбата на децата кои беа спасени во изминатите два дена. Првите четири спасени деца побарале да јадат традиционално тајландско јадење со босилек, но докторите им рекле дека нивните дигестивни системи не можат да се справат со толку пржен оброк. Тајландскиот министер за здравство денеска изјави дека децата што беа вчера спасени побарале леб со еурокрем, и оти барањето им било исполнето.

Докторите кои ги лекуваат спасените момчиња соопштија дека телесната температура на првите четири момчиња кои беа спасени била многу ниска и постои сомневање дека две од нив имаат запаление на белите дробови и примаат антибиотици.

Операцијата имаше среќен крај за 11 момчиња и тренерот на фудбалскиот тим „Диви вепри“, но таа же остане запаметена по една жртва: еден од нуркачите за време на исклучително опасната и тешка операција го загуби животот, откако останал без кислород. Се работи за поранешниот морнар Саман Гунан кој загина во петокот, додека се враќал од мисија да ја обезбеди групата со резервоари за кислород.

Во меѓувреме, тајландските момчиња, на возраст меѓу 11 и 16 години, и нивниот тренер, се поканети од страна на ФИФА на финалето на Светското првенство. Но, тие веројатно се уште ќе бидат во изолација и натпреварот ќе го гледаат на телевизија.

Cheers, applause, relief at the volunteer site #ThamLuangCave pic.twitter.com/vao6YEih8S

— michael safi (@safimichael) July 10, 2018

деца спасување Тајланд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.