Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Токио му посака добредојде на светот: Отворени 32-те летни Олимписки игри

0
By Sashko on July 23, 2021 ВЕСТИ
Фото: hindustantimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поразлични од сите досегашни поради пандемијата на коронавирус, денеска во јапонската престолнина Токио свечено беа отворени 32-те летни Олимписки игри, чие мото е „Побрзо, повисоко, посилно – Заедно“, на кои ќе настапат и осум македонски спортисти.

Свеченоста почна со огномет на Олимпискиот стадион и продолжи со оддавање почит на жртвите од пандемијата на ковид-19 што беше причина за одложување на Игрите за една година, како и за жртвите на терористичкиот напад за време на Олимпијадата во Минхен во 1972 година.

Игрите за отворени ги прогласи јапонскиот цар Нурихито, во чија улога беше и неговиот дедо Хирохито на церемонијата на отворањето на Олимпијадата во 1964 година, која, исто така, се одржа во Токио.

Олимпиското знаме на јапонските домаќини го предаде претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах, кој во обраќањето изрази „неизмерна благодарност и почит до јапонските организатори и јапонскиот народ“.

– Денеска е момент на надеж. Сè е многу поразлично од тоа што воопшто можевме и да го замислиме, но олимписките тимови од 205 држави, како и олимпискиот тим составен од бегалци се тука заедно под ист покрив, испраќајќи порака на солидарност, мир и издржливост. Тоа ни дава надеж за продолжување на оваа авантура заедно, истакна Бах во говорот на церемонијата на отворањето на Игрите.

Свеченото отворање на Игрите од трибините на стадионот во Токио го проследија само околу 1.000 официјални лица, кои единствени ја имаа привилегијата да ги поздрават над 11.300 спортисти од 206 олимписки делегации, вклучувајќи ја и осумчлената македонска експедиција, која продефилира на Олимпискиот стадион предводена од знаменосецот Дејан Георгиевски и џудистката Арбреша Реџепи.

Осумте македонски олимпијци ќе настапат во шест спортови (Арбреша Реџепи во џудо, Миа Блажевска Еминова и Филип Деркоски во пливање, Борјан Бранковски во стрелаштво, Пуликсенија Јовановска во карате, Јован Стојоски во атлетика и Могамедгаџи Нуров во борење).

Олимписките игри во Токио ќе бидат затворени на 8 август.

Олинмпијада Отворање Свеченост спорт Токио
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.