Торнадо вчера ја погоди југоисточна Чешка, при што има жртви и голема материјална штета, јави агенцијата ДПА. Според првичните податоци на противпожарната служба, повредени се речиси 150 луѓе.
– Можам да потврдам дека има жртви, но засега не знаеме точна бројка, изјави Гедвига Кропачкова, портпарол на Обединетата спасувачка служба на Чешка.
Спасувачките екипи објавија дека вкупно седум населени места во регионот во близина на границата со Австрија, беа погодени од торнадото.
– Сите расположливи спасувачки екипи се испратени да се справат со последиците од торнадото, изјави министерот за внатрешни работи Јан Хамачек.