Полицаецот Лудијам Заими си го уби својот колега со службен пиштол во полициска станица во Тирана, јавуваат медиумите во Албанија.
На неколку телевизии се појавија и снимки од надзорните камери кадешто се гледа инцидентот.
На снимката се гледа дека полицаецот Чауш Салијани во еден момент излезе од просторијата, седна покрај вратата, а потоа Заими излезе по него и извлече пиштол, по што истрела најмалку шест куршуми.
Заими потоа се обидел да избега, но бил уапсен пред полициската станица.
https://youtu.be/kldChRr3jc4