Полицаецот Лудијам Заими си го уби својот колега со службен пиштол во полициска станица во Тирана, јавуваат медиумите во Албанија.

На неколку телевизии се појавија и снимки од надзорните камери кадешто се гледа инцидентот. 

На снимката се гледа дека полицаецот Чауш Салијани во еден момент излезе од просторијата, седна покрај вратата, а потоа Заими излезе по него и извлече пиштол, по што истрела најмалку шест куршуми.

Заими потоа се обидел да избега, но бил уапсен пред полициската  станица.