Published: Monday, January 16, 2017 09:19
Најмалку 37 луѓе загинаа, откако турски товарен авион се урна во станбен дел во близина на главниот град на Киргистан, Бишкек.
Авионот летал на релација Хонгконг Бишкек, а се урнал неколку километри од пистата. Меѓу 37 настрадани се и 6 деца од селото каде се урнал авионот при слетувањето во услови на густа магла, врз15 куќи. Најмалку 15 од настраданите се жители на селото, а останатите се екипаж во авионот.
Авионот тргнал од Хонгконг требало да слета во Бишкек, а потоа да продолжи за Истанбул.
Киргистанските претставници првично соопштија дека авинот припаѓал на компанијата Туркиш ерлајнс, но потоа е утврдено дека тоа е компанијата АЦТ ерлајнс.






