https://www.youtube.com/watch?v=BcrwSTjm-g4

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека мачењето на затворениците е корисно, бидејќи како што оцени, „против оган мора да се бориш со оган“.

Во првото телевизиско интервју од доаѓањето на функцијата, za TV stanicata Ej Bi Si тој објасни дека во консулатција со првите луѓе на безбедносните служби е констатирано дека оваа мерка е делоторна и тој повторно би ја вовел. Мерката е позната како вотербординг, или мачење со вода со ефект на давење.

– Кога пукаат, отсекуваат глави на наши луѓе и на други народи, кога отсекуваат глави на луѓе затоа што е христијани на Блискиот исток, кога ИСИС прави работи за кои никој никогаш не слушнал уште од средниот век, дали би требало да се противиме на мачење со вода? Што се однесува до мене, трена на оган да возвратиме со оган. Разговарав со лушето на највисоките позиции во разузнавачките служби и нив им поставив ова прашање: Дали делува? Дали мачењето делува? И одговорот беше: Да апсолутно, рече Трамп.

Трамп сепак остави простор  дека ќе разговара со секретарот за одбрана Џејмс Матис и со директорот на ЦИА Мајк Помпео и дека ќе се согласи со она што тие ќе го одлучат по ова прашање.

Интервјуто следи по овбјавувањето на извештајот дека Трамп се подготвува да потпише наредба со која повторно ќе се затвораат лица осомничени за тероризам на тајни локации, таканаречени „црни места“.

Со ова ќе бидат отстранети ограничувањата за принудната испитувачка техника , воспоставени со долгогодишните воени испитувања наменети да обезбедат хумано воено испитување, а кои би биле во согласност со Женевската конвенција.