Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа непријатно изненадување на Капитол Хил, каде вчера попладне имал ручек со републиканските сенатори.
По влегувањето во Конгресот, го пречекаа демонстранти, претставници на организации кои бараат негово отповикување, кои почнаа да фрлаат руски знамиња кон него, извикувајќи „Трамп е предавник“, и прашувајќи го „Зошто го правите тоа“.
Трамп е во обид да ги придобие републиканците за најавената даночна реформа која предвидува значитени даночни олеснувања за големите компании, на што се противат демократите.