Published: Wednesday, April 1, 2015 12:01
Двајца вооружени денеска влегле во канцелариите на владејачката Партија на правдата и развојот во предградието на Истанбул, пренесува агенцијата Доган.
Упадот се случува еден ден откако заврши заложничката драма во Истанбулскиот суд при која загина обвинителот Мехмет Селим Кираз. Тој почина од повредите, откако припадници на забрането Левичарско движење го застрелаа три пати.
Вооружени мажи влегле во зградата и ги искршиле прозорците на 7-миот кат. Тие се приведени од полицијата, а причината за нападот засега е непозната.
Еден од напаѓачите е излегол од прозорот и држел говор од канцеларијата пред луѓето кои се собрале пред зградата.




