Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кукан: Во домот на Жан Моне нема место за микрофони и камери

0
By Светлана Јовановска on November 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 30, 2017 10:53

Часовите по политички дијалог за политичарите во Македонија ќе одржат на почетокот на февруари во куќата-музеј на Жан Моне во Франција, во близината на Париз.

Собата во која Моне ги водел преговорите

Пратеникот Едвард Кукан, еден од иницијаторите на оваа идеја, вели за НОВА дека на овие “часови по политичко образование” се поканети “сите политички партии застапени во Собранието, претседателот на Собранието, со експерти од европските институции” (видео со изјавата на Кукан подолу во текстот).

Кукан додава дека куќата “не е далеку од Париз но е далеку од микрофони и камери а атмосферата е полна со европски идеи”. Куќата е и музеј во кој посетителите можат да го почувствуваат и да го научат “извонредниот начин на размислување и преговарање” на интелектуалецот кој се смета за татко на ЕУ.

Бирото на Жан Моне

Во овие зборови лежи и надежта на иницијаторите на оваа идеја – пратениците Иво Вајгл, Кукан и Кнут Флекенштајн – е дека во Македонија ова ќе помогне да се престане со нездравиот политички живот како размената на навреди, празните клеветења, препукувања …

Според нив, Македонија е влезена во решавачкиот период на патот кон ЕУ кога ќе треба да се носат важни одлуки, пресудни за иднината на земјата. Во тие моменти е потребна конструктивна, сериозна, позитивна и прагматична дебата помеѓу опозицијата и власта. Вештини што се уште им се непознати на најголемиот број наши политичари.

За тоа дали на евентуалните разговори во куќата на Жан Моне кај Париз би се направил обид за компромис за спорот со името, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на диполматски начин изјави дека сето тоа се шпекулации.

„Ако треба да се направи таа средба надвор од земјата тоа значи дека е неопходна дискреција поради причини кои можеби јас не ги знам. Но ако сакаме овој проект, кој што е добронамерен, да успее, би било опасно да биде под лупата на телевизиите и на новинарите“, рече Тимоние.

Францускиот амбасадор смета дека политичките партии и пратениците, кои што се платени за тоа од страна на граѓаните, треба да најдат начин самите да зборуваат, затоа што Македонија не е во граѓанска војна.

Големата сала за состаноци во која ќе разговараат нашите политичари

 

Моне потекнува од семејство на трговци со коњак

Според европскиот портал Политико, куќата на Жан Моне наскоро ќе биде реновирана за сума од 364.000 евра.

“Тројцата пратеници кои доаѓавме во Македонија да помогнеме за дијалог помеѓу политичките партии сакаме да ги продолжиме овие активности во земјата. Многу ни е драго за сегашната ситуација но сепак мислиме дека политичкиот мир е кревок и затоа сакаме да го продолжиме дијалогот. Ние во Европскиот парламент дојдовме до оваа иновативна сугестија или пристап. Идејата е да се поканат сите политички партии застапени во Собранието, претседателот на Собранието, со експерти од европските институции и да се сретнеме во куќата на Жан Моне. Тоа не е далеку од Париз но е далеку од микрофони и камери а атмосферата е полна со европски идеи. Би сакале да го продолжиме цивилизираниот дијалог за да можат политичките претставници да се навикнат на употреба на ваков вид дијалог, компромис. Тоа е еден вид политичко образование што може да биде корисно за колегите од Македонија и за нас исто така”, вели Кукан за НОВА.

 

Сосема малку историја

Моне е роден на 9 ноември 1988 година во градот Коњак во семејство кое тргувало со коњак. Но тој решава да го напушти семејниот бизнис и на 16годишна возраст заминува за Лондон. Таму останува 2 години за да научи англиски и трговија.

Од помалку познатите делови на неговата биографија да споменеме дека тој игра одлувачка улога во убедувањето на Винстон Черчил и Шарл де Гол да формираат сојуз за одбрана од нацистичките Германија и Италија. Во 1940 година Моне бил советник на американскиот претседател Франклин Рузвелт и неговото влијание било решавачко во одлуката на САД да ги снабдуваат европските сојузници со воена опрема.

Моне почина на 16 март 1979 година. Европскиот парламент (ЕП) ја купи куќата во 1982 година и ја користи за состаноци, обуки и семинари. Во куќата има мала библиотека, кино сала во која се прикажува филм за животот на Моне и интерактивна презентација на неговиот живот и работа и интерактивна презентација на ЕП.

Моне ја купил куќата во 1945 година и во неа често престојувал. Деновите ги минувал во работа и утрински прошетки низ природата што му помагале да размислува и да се фокусира на работата.

“Визијата на Жан Моне за Европа ја загуби својата релевантност и од голема важност е оваа визија да и биде претставена на широката јавност, визијата но и неговите постигнувања и неговото извонредно лидерство”, вели документот на Фондацијата Жан Моне која управува со ова историско добро.

Има и три сали за состаноци. За најмалата од нив, која собира 20 луѓе, ЕП плаќа 250 евра за два дена состанок.

 

Едвард Кукан Жан Моне Париз политички дијалог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 15, 2026Updated:August 15, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

ВЕСТИ August 15, 2026

Македонската репрезентација забележа одличен настап на Балканското првенство во Планински велосипедски маратон – МТБ, што…

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

August 14, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.