Published: Saturday, October 24, 2015 23:12
Во Подгорица демонстрантите се судрија со полицијата.
До судирот дојде откако демонстрантите од опозицискиот фронт ги пробија бариерите во обид да влезат во зградата на Собранието на Црна Гора.
За време на судирот полицијата употреби шок бомби и солзавец по што демонстраните беа разбиени.
Во меѓувреме претседателот на Собранието се обиде да ја смири ситуацијата повикувајќи ги лидерите на опозицијата на дијалог но притоа отфрлајќи ја можноста да се разговара за нивното барање за оставка на владата на Мило Ѓукановиќ.
На својот твитер профил црногорската влада објави дека демонстрантите брутално ја нападнале полцијата.
Според информациите од теренот во центарот на Подогорица е тензично.




