Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Во Тајланд спасени четири момчиња-акцијата продолжува утре

1
By Нова ТВ on July 8, 2018 СВЕТ
Фото: Lauren DeCicca/Getty Images
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Спасувачките екипи досега извлекоа четири од 12 деца, кои заедно со нивниот тренер две недели се заглавени во една пештера во Тајланд, соопшти попладнево шефот на спасувачката операција, гувернерот на провинцијата Чианг Рај. Наронгсак Осатанакорн.

Тој нагласи дека прво било извлечено едно од момчињата и со хелихоптер веднаш било пренесено во најблиската болница во Чаинг Раи.

https://www.youtube.com/watch?v=xha9SgQq-J4

Десетина минути подоцна било спасено и второто момче околу 5 и пол часот по локално време (12:30 часот напладне по македонско време). Два часа подоцна од пештерата биле извлечени уште две момчиња кои биле во најдобра здравствена состојба.

Спасените деца веднаш по извлекувањето од пештерата биле префрлани во импровизирана амбуланта во близина каде биле подложени на детални медицински прегледи, а потоа пренесени во болница.

Фото: Pongmanat Tasiri/EPA

Според Осатанакорн, останатите осум деца и нивниот тренер се уште се наоѓаат на истата локација на која беа пронајдени, на четири километри од влезот во пештерата и очекуваат да бидат спасени.

„Операцијата се одвива добро дури и подобро од очекувањата“, нагласи Осатанакорн.

Тој нагласи дека за подготовка на секоја следна етапа од спасувачката операција се потребни по околу 10 часа. Во операцијата учествуваат 90 нуркачи, од кои 40 Тајланѓани и 50 странци.

Фото: AP

Операцијата за спасување на децата започна претпладнево по локлано време и според најавите на кризниот центар, таа ќе трае два до три дена.

„Тие ќе бидат извлекувани еден по еден и тоа ќе трае два до три дена“, изјави утрово раководителот на центарот.

Децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.

На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и ваќање назад, му се потребни 11 часа. Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки. На некои места видливоста во водата е речиси нула.

Она што се знае досега

  1. Четири од момчињата се спасени од пештерата во провинцијата Чианг Раи, додека осум момчиња и нивниот тренер сѐ уште се заглавени под земја.
  2. Сите четири момчиња безбедно стигнаа до болница во Чианг Раи, најблискиот главен град.
  3. Операцијата е закажана за да продолжи околу 8 часот по локално време (три часот наутро, недела спроти понеделник, по македонско време)
  4. Останатите осум момчиња и нивниот тренер остануваат на оригиналната локација под земја во близина на плажата Патаја.
  5. Нуркачите заедно со момчињата, кои носеа маски за лице, патуваа 3,2 километри низ калливата, острова пештера.
  6. Дождот во сабота навечер и низ цела недела беше непријател број еден за спасувачите
  7. Операцијата продолжи многу побрзо отколку што се очекуваше, поради нивото на водонепропустливост во пештерата.
  8. 13 странски нуркачи и пет припадници на тајландските морнарички „Фоки“ го сочинуваат спасувачкиот тим и се меѓу екипата од 90 нуркачи вклучени во напорите за спасување на заглавените во целост.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.