Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Загревање или проблеми: Што му се случи на Ѓоковиќ во третиот сет на АО

0
By Нова ТВ on January 20, 2020 СПОРТ
Фото: ausopen.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новак Ѓоковиќ успеа да влезе во друштвото на тенисери со 900. победи во кариерата и сега е рамо до рамо со, сè уште активните Роџер Федерер, Рафаел Надал, но и пензионираните Гилјермо Вилјас, Иван Лендл и Џими Конорс. Српскиот ас, потешко одошто се очекуваше, се проби до второто коло на Австралија опен кој започна ноќеска во Мелбурн. Можеби го имаше најтешкиот ривал од фаворитите, можеби се загреваше или, пак, можеби повторно се соочува со проблем, па загуби сет во триумфот на Јан Ленард Штруф од Германија, 37. на АТП ранг листата, со 7:6, 6:2, 2:6, 6:1.

Воведниот сет не навестуваше дека ќе се одиграат максимален број на гемови. Ѓоковиќ направи брејк што беше сигнал за присутните на трибините, но и ТВ аудиториумот за почеток на крајот на германскиот тенисер и негова експресна елиминација. Штруф, сепак, најде сили и се издигна во гемот во кој фаворизираниот противник сервираше за 1:0, успеа до рибрејк за тај-брејк, меѓутоа повеќе не можеше.

Вториот сет, Ѓоковиќ го освои на рутина за проблеми да се појават во третиот сет. Се случи пад во прецизноста на првиот сервис (погодени само 45 отсто) што не е доволно за триумф и над послабо рангиран играч од Штруф кој успеа да се врати на сет минус. Проблемите во играта на вториот носител, сепак, исчезнаа по паузата. Успешноста на сервисот се врати на посакуваното ниво и победата не беше доведена во прашање.

Фото: ausopen.com

Пласман во второто коло без загубен сет обзбедија Роџер Федерер во дуелот со Американецот Џонсон (6:3, 6:2, 6:2) и Стефанос Циципас против Италијанецот Карузо (6:0, 6:2, 6:3).

Фото: ausopen.com

Првата пречка на турнирот ја совлада и бранителката на титулата во женска конкуренција, Наоми Осака. Јапонката, која лани во финалето ја шокира Серена Вилијамс, ја порази чешката тенисери Мери Бузкова со 6:2, 6:4. Убедливи партии во првиот натпреварувачки ден во Мелбурн и на Петра Квитова која загуби само гем во мечот со сонародничката Синиакова (6:1, 6:0) и на Серена Вилијамс против Русинката Потапова (6:0, 6:3).

 

Австралија опен, 1 коло

МАЖИ

Ѓоковиќ (2., Србија) – Штруф (Германија) 7:6, 6:2, 2:6, 6:1

Федерер (3., Швајцарија) – Џонсон (САД) 6:3, 6:2, 6:2

Циципас (6., Грција) – Карузо (Италија) 6:0, 6:2, 6:3

Беретини (8., Италија) – Харис (Австралија) 6:3, 6:1, 6:3

Фусович (Унгарија) – Шаповалов (13., Канада) 6:3, 6:7, 6:1, 7:6

Димитров (18., Бугарија) – Лондеро (Аргентина) 4:6, 6:2, 6:0, 6:4

Пелја (22,. Аргентина) – Смит (Австралија) 6:3, 7:5, 6:4

Квери (САД) – Чориќ (25., Хрватска) 6:3, 6:4, 6:4

Еванс (30., В. Британија) – Мекдоналд (САД) 3:6, 4:6, 6:1, 6:2, 6:3

ЖЕНИ

Барти (1., Австралија) – Цуренко (Украина) 5:7, 6:1, 6:1

Осака (3., Јапонија) – Бузкова (Чешка) 6:2, 6:4

Квитова (7., Чешка) – Синиакова (Чешка) 6:1, 6:0

С. Вилијамс (8., САД) – Потапова (Русија) 6:0, 6:3

Мартиќ (13., Хрватска) – МекХејл (САД) 6:3, 6:0

Кенин (14., САД) – Тревисан (Италија) 6:2, 6:4

Жанг (Кина) – Стивенс (24., САД) 2:6, 7:5, 6:2

Александрова (25., Русија) – Тајхман (Швајцарија) 6:4, 4:6, 6:2

Кирстеа (Романија) – Стрицова (32., Чешка) 6:2, 7:6

Гоф (САД) – В. Вилијамс (САД) 7:6, 6:3

Возњацки (Данска) – Ан (САД) 6:1, 6:3

Австралија опен Новак Ѓоковиќ тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.