За ова видео не треба посебно објаснување.
Францускиот новинар Марин Вејл на многу популарната информативно-забавна емисија “Секој ден” (за која самото име кажува дека се емитува секој ден) и поставува прашање на една верна “трамповка” која дошла на аеродромот во Лос Анџелес да го поддржи Трамп.
Таа е убедена дека неговата наредба за забрана на влез во САД за седум муслимански земји (Јемен, Сомалија, Иран, Ирак, Судан, Либија и Сирија) е вистинскиот потег на нејзиниот омилен претседател. И носи транспарент на кој пишува “Исламот не е религија на мирот”.
Но, жената очигледно не е доволно информирана. Или пак е лошо информирана. Новинарот со две прашања успева да ја дестабилизира.
Истовремено да потсетиме дека терористичкиот напад на 11 септември 2001 година го организирааа Осама Бен ладен и Ал Каида поврзани со Саудиска Арабија и Авганистан.
Погледнете го кусото видео кое стана вирално.




