Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска разговарал со државниот врв и за економските прашања во услови на војната што им ја наметна Русија. Како што објави тој на социјалната мрежа фејсбук заложбите на Украина се да се врати во живот бизнисот и макроекономската стабилност на државата.
Украинската економија функционира и покрај војната, соопшти украинскиот лидер пред милионскиот аудиториум што го следи на социјалните мрежи.