https://www.youtube.com/watch?v=4CziUGM_JRA
Земјотрес со јачина од 3,6 степени вечерва го погоди популарно туристичко место Казамичола,близу вулканот Ичија во Италија. Земјотресот бил во 21 часот по локално време, на 10 километри длабочина, во близина на Неапол.
Според досегашните информации една жена загинала, соопшти градоначалникот Џузепе Силвители, а се смета дека голем број се повредени. На фотографиите и видео снимките се гледаат урнати згради, и луѓе како им помагаат на повредените.
Според спасувачите можно е бројот на жртвите да расте, бидејќи има голем број урнати згради.
Вулканскиот остров Ичија бил погоден од разорен земјотрес во 1883 година, кога загинале 2.000 луѓе. Земјотресот исто така ги уништи градовите Казамичола терме и Лако Амено.







