Најмалку две лица загинаа, а стотина се повредени во силниот земјотрес што ноќеска во 1.30 часот по полноќ по локално време го погоди турскиот брег, кој предизвика цунами во туристичките места во Медитеранот и Егејското Море и оштетувања на објектите.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 6,6 степени е во близина на Бодрум, во југозападна Турција, и егејското крајбрежје, на 12 километри од островот Кос, каде што се и двајцата загинати.
Туристите во паника ги напуштале хотелите, од кои дел се поплавени поради цунамито.
Двете жртви се на островот Кос, кога врз нив паднал таван. Во Кос се урна и старата џамија, а спасувачите од утринава се на улиците пребарувајчи ги урнатините, по евентуални заробени.
Градоначалникот на Кос соопшти дека најмалку 100 луѓе биле повредени, вклучувајќи и туристи, а островот, исто така, бил погоден од цунами.
Најмалку 70 лица беа примени во болниците во Бодрум, при што многумина повредени во паниката да ги напуштат зградите за време на потресот. Земјотресот предизвика и пожат, откако се урна енергетски столб.










