https://www.youtube.com/watch?v=0l_UVPc9HcU
Најмалку 92 луѓе загинаа, а стотици се повредени во силниот земјотрес што го погоди индонзискиот остров Суматра, соопштија официјални претставници.
Земјотресот со јачина од 6,5 степени ја погоди провинцијата Ачех утринава, додека верниците се подготвувале за утринска молитва.
Во градчето Меуреуд џамиите и продавниците се буквално срамнети со земја.
Не е објавена опасност од цунами, пренесуваат агенциите, истакнувајќи дека имало уште најмалку пет последователни потреси.
Во тек е акција за спасување на оние за кои се верува дека се затрупани под урнатините.
АФП наведува дека меѓу загинатите има 7 деца.
Службата за вонредни ситуации соопти дека имаат евидентирано околу 78 тешко повредени лица.
Земјотресот е регистриран н 130 километри од градот Банда Ачех во северниот дел на Суматра.
Во силниот земјотрес и цунамито во 2004 година, во Индонезија загинаа над 170.000 луѓе.




