Published: Saturday, July 18, 2015 09:32
Најмалку 80 луѓе загинаа во експлозија на бомба во преполн пазар во Ирак. Бомбаш -самоубиец вчера го активирал експлозивот на пазарот и тоа е најкрвавиот напад на ИСИС откако ја презедоа контролата врз големи делови на земјата, објави Ројтерс.
Силата на експлозијата срамнила со земја неколку згради во градот Кан Бани Саад, на околу 30 километри североисточно од Багдад и луѓето што го прославувале крајот на муслиманскиот месец на постот Рамазан завршиле под урнатините, соопштија полицијата и медицинските лица. Спасувачките екипи сеуште не ги извадиле сите затрупани под урнатните.
На Твитер, ИСИС објави дека нападот бил организиран како одмазда за убивањето сунитски муслимани во северен Ирак и дека бомбашот носел три тони експлозив.




