Published: Friday, July 31, 2015 12:40
Јапонски политичари, функционери и компании меѓу кои и „Мицубиши“, биле дел од надзорот на НСА, објави Викиликс .
Американската Национална безбедносна агенција (НСА) шпионирала најмалку 35 „мети“ – компании, владини функционери, министри и поголем број советници на актуелниот премиер Шинзо Абе во периодот од септември 2006 до септември 2007 година.
На интернет-страницата на Викиликс објавени се четири строго доверливи извештаи на НСА кои откриваат интерни разговори во Јапонија за меѓународната трговија и политиката за климатските промени.
На еден од извештаите има белешка која укажува дека извештајот е доставен до Австралија, Велика Британија и Нов Зеланд.




