Американскиот претседател Барак Обама ја преиначи казната на Челси Менинг, транссексуалката која беше осудена на 35 години затвор поради тоа што му предала 700.000 тајни документи на Вилиликс.
Оваа, најверојатно последна одлука на Обама како претседател на САД, ја соопшти денес Белата куќа.
Транссексуалката беше војник и се викаше Брадли Менинг и ќе биде ослободена на 17 мај.
Преку предадените документи таа ги откри злоупотребите на САД во Ирак и Авганистан а судската пресуда велеше дека таа ги довела во опасност својата земја и граѓаните на нејзината земја.
Жената војник од 28 години се обиде да се самоубие во октомври а првиот обид за самоубиство се случи во јули.
Минатата недела Викиликс изјави дека основачот Џулијан Асанж ќе прифати да биде екстрадиран во САД доколу Обама одлучи да ја преиначи казната на Менинг.
Асанж се наоѓа во амбасадара на Евкадор во Лондон од јуни 2012 година за да избегне екстрадиција во Шведска каде што е обвинет за силување. Тој и Викиликс ги демантираат овие обвинувања.
Асанж има 45 години и е државјанин на Австралија. Тој стравува дека Шведска би можела да го екстрадира во САД каде треба да одговара за објавувањето на илјадници воени и дипломатски тајни документи на сајтот на Викиликс, предадени од Челси Менинг.




