Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вимблдон: Федерер во дрес на Уникло за 30 милиони долари по сезона

0
By Нова ТВ on July 3, 2018 СПОРТ
Фото: wimbledon.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нападот на деветти трофеј на Вимблдон, Роџер Федерер го почна со победа над Душан Лајовиќ од Србија (6:1, 6:3, 6:4), но и во нова униформа. По, речиси, две децении, Швајцарецот се појави на тениски турнир во дрес што не е потпишан од „Најк“. На централниот терен на „All England Club“ излезе во маичка и гаќички од палетата на јапонскиот производител „УНИКЛО“ со кој потпиша договор „тежок“ 30 милиони долари по сезона. Јапонците и официјално го истакнаа партнерството со, како што го нарекоа, најголемиот тенисер на сите времиња и еден од највлијателните и најпризнати луѓе на денешницата.

„Оваа соработка значи дека Федерер ќе го претставува УНИКЛО на сите турнири во тек на годината почнувајќи од Вимблдон“, стои во соопштението на компанијата со седиште во Токио.

Финансиски детали од договорот не се обелоденети. Медиумите, сепак, наведуваат за партнерство вредно 30 милиони долари по сезона што е трипати повеќе од вредноста на соработката што досега со „Најк“.

Договорот на Федерер и познатиот американски бренд на спортска опрема беше со важност до март во 2018 година. Меѓутоа до стартот на третиот гренслем во сезоната не беше познато со кого ќе продолжи Швајцарецот во иднина.  Она, пак, што падна во очи е дека соработката со „УНИКЛО“ засега се однесува само на гардеробата, но не и за патиките што Јапонците ги немаат во својата понуда.

„За патики немам договор. Засега останувам со Најк. Тие изразија подготвеност да продолжиме да соработуваме. Имам длабоки корени со нив. Се е отворено“, истакна Федерер на прес-конференцијата по триумфот над Лајовиќ.

Воочливо беше дека на гардеробата отсуствува и легендарното лого „РФ“ за што швајцарскиот ветеран изјави:

„Логото РФ во моментот е на Најк. Но, наскоро, се надевам, дека повторно ќе биде мое. Верувам дека и Најк ќе помогне за забрзување на тој процес. Тоа се мои иницијали и не може вечно да бидат нивни“.

Нареден ривал на Федерер на Вимблдон ќе биде Словакот Лукаш Лацко.

Резултати од 1. коло на Вимблдон 2018

Мажи

Федерер (1., Швајцарија) – Лајовиќ (Србија) 6:1, 6:3, 6:4

Чилиќ (3., Хрватска) – Нишиока (Јапонија) 6:1, 6:4, 6:4

Вавринка (Швајцарија) – Димитров (6., Бугарија) 1:6, 7:6, 7:6, 6:4

Андерсон (8., Ј. Африка) – Гомбош (Словачка) 6:3, 6:4, 6:4

Изнер (9., САД) – Маден (Германија) 6:2, 7:6, 7:5

Квери (11., САД) – Томпсон (Австралија) 6:2, 6:4, 6:3

Раониќ (13., Канада) – Броуди (В. Британија) 7:5, 6:0, 6:1

Медведев (Русија) – Чориќ (16., Хрватска) 7:6, 6:2, 6:2

Пуј (17., Франција) – Кудла (САД) 6:3, 6:3, 2:6, 6:3

Манарино (22., Франција) – Гарин (Чиле) 6:3, 1:6, 7:6, 6:2

Монфис (Франција) – Гаске (23., Франција) 7:6, 7:5, 6:4

Колшрајбер (25., Германија) – Донској (Русија) 6:2, 6:4, 7:5

Јари (Чиле) – Краиновиќ (28., Србија) 6:3, 3:6, 7:6, 6:4

Циципас (31., Грција) – Барере (Франција) 6:3, 6:4, 6:7, 7:5

Шруф (Германија) – Л. Маер (32., Аргентина) 3:6, 6:7, 7:6, 7:6, 6:1

Жени

Возњацки (2., Данска) – Лепченко (САД) 6:0, 6:3

Векиќ (Хрватска) – Стивенс (4., САД) 6:1, 6:3

Марија (Германија) – Свитолина (5., Украина) 7:6, 4:6, 6:1

Ка. Плишкова (7., Чешка) – Дарт (В. Британија) 7:6, 2:6, 6:1

В. Вилијамс (9., САД) – Ларсон (Шведска) 6:7, 6:2, 6:1

Киз (10., САД) – Томљановиќ (Австралија) 6:4, 6:2

Гергес (13., Германија) – Пуиг (Порторико) 6:4, 7:6

Синијакова (Чешка) – Вандевеј (16., САД) 6:7, 6:3, 8:6

Кирстеа (Романија) – Рибарикова (19., Словачка) 7:5, 6:3

Бертенс (20., Холандија) – Стефкова (Чешка) 6:3, 6:2

Џорџи (Италија) – Севастова (21., Летонија) 6:1, 2:6, 6:4

Стрицова (23., Чешка) – Кузнецова (Русија) 7:6, 7:5

С. Вилијамс (25., САД) – Рус (Холандија) 7:5, 6:3

Бузарнеску (29., Романија) – Забаленка (Белорусија) 6:7, 6:1, 6:4

Петковиќ (Германија) – Жанг (31., Кина) 6:4, 4:6, 6:2

А. Радванска (32., Полска) – Русе (Романија) 6:3, 4:6, 7:5

Вимблдон Роџер Федерер тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
ФОКУС

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

ВЕСТИ October 30, 2025

Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје денеска упати „итна ургенција“ до градоначалничката…

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025
ТИКЕР

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025

САД:Татко се јавил во полиција и признал дека ги убил четирите деца

October 30, 2025

За кражбата на накитот од Лувр во Париз уапсени уште пет осомничени лица

October 30, 2025

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.