Роџер Федерер ќе биде противник на Марин Чилиќ во машкото финале на Вимблдон. Швајцарецот во недела ќе атакува на осма титулата на лондонската трева, прва по 2012 година, прилика што ја обезбеди без загубен сет во минатите шест меча. Во полуфиналето, попладнево, тој го совлада Чехот Томаш Бердих со 7:6, 7:6, 6:4.
На патот до ново, 11., финале на третиот гренслем во сезоната, Федерер ги елиминира Александар Долгополов во првото коло (6:3, 2:0), Душан Лајовиќ во второто (7:6, 6:3, 6:2), Миша Зверев во третото (7:6, 6:4, 6:4), Григор Димитров во осминафиналето (6:4, 6:2, 6:4), Милош Раониќ во четврт-финалето (6:4, 6:2, 7:6) и сега Томаш Бердих.
Вимблдон/полуфинале (м)
Резултати
Федерер (3., Швајцарија) – Бердих (11., Чешка) 7:6, 7:6, 6:4
Чилиќ (7., Хрватска) – Квери (24., САД) 6:7, 6:4, 7:6, 7:5