Метеоролошките предвидувања и најавите за невообичаено високите температури за овој дел од годината, но и за да се избегнат гужви и пренатрупаност на градските плажи, беа доволни за грчките власти да донесат одлука од денеска да се отворат 515 организирани плажи во цела Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас во четвртокот рече дека отворањето на плажите „ќе биде важен тест што треба успешно да го поминеме“, а заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас вчера порача дека „овие два дена се голем облог дека секој од нас знае што треба да прави“, споменувајќи ги упатствата за индивидуална заштита.
Сопствениците на организираните плажи во изминатите денови интензивно работеа на подготовките за денешното отворање, за да се запазат новите и строги правила и прописи, бидејќи во случај на прекршување, предвидени се и строги казни.
Плажите ќе работат од осум часот наутро, а ќе постои контрола на влезот и регистрирање на бројот на посетители. Дозволени ќе бидат 40 лица на 1.000 метри квадратни.
Минималното растојание помеѓу оските на чадорите треба да биде четири метри и еден метар меѓу периметарот на сенката на двата чадори.
Дозволени се две лежалки на еден чадор, со исклучок на семејствата со мали деца, додека пак растојанието меѓу лежалките од два различни чадори треба да биде еден и пол метар.
Кафулињата и баровите на плажите ќе работат исклучиво со продажба на пакувани производи и кафе и тоа за носење, а забранета е продажба на алкохолни пијалоци.
На вработените им се препорачува да носат маска, а се обврзани да ги дезинфицираат лежалките по секој посетител.
На плажите ќе биде забрането тимско спортување со физички контакт, а сите посетители треба да го држат и потребното растојание.
За непочитување на новите правила и мерки, предвидени се казни од 5.000 до 20.000 евра, во зависност од големината на плажата, како и затворање на 30 дена. Во случај на втор прекршок, казната е тројно поголема.
Освен плажите, важен тест за однесувањето на Грците и индивидуалната одговорност ќе бидат и црквите кои утре ги отвораат вратите за литургиите со присуство на верници
Ако сѐ оди според планот, Грција на 1 јули ќе може да прими странски туристи
За месец и половина, односно на 1 јули, според изјавите на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и државниот министер Јоргос Герапетритис, Грција ќе биде подготвена да прими странски туристи, секако доколку сѐ оди според планот, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис беше почесен гостин и централен говорник на глобалниот состанокот на меѓународната компанија за консалтинг „Boston Consulting Group“, а во обраќањето преку видеоконференција се задржа и на туризмот и претстојната сезона.
-Ако работите одат според нашиот план, ќе бидеме отворени од 1 јули, со протокол што ќе биде логичен, не само за луѓето кои сакаат да патуваат, туку и за нашата туристичка индустрија. Сакаме голем дел од пазарот од една помала пита. Европската туристичка пита ќе биде многу помала, но ова лето сакаме еден поголем дел, рече Мицотакис.
Државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервју за грчката телевизија „ЕРТ“ рече дека сѐ уште се во фаза на подготвување на планот за туризмот
-Нашата проценка е дека од 1 јули навистина ќе бидеме во позиција да примиме странски посетители, под услови што ќе го гарантираат јавното здравје, рече Герапетритис.
Тој додаде дека за туристите ќе постојат неопходните протоколи, кои ќе бидат балансирана мешавина од заштита на јавното здравје, без при тоа да се поставуваат пречки за туризмот.
Герапетритис коментираше дека ако земјата од која потекнува туристот, побара по враќањето да биде во карантин или да направи нов тест, се создаваат сериозни пречки и тоа е дестимулирачки за туризмот.
Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, говорејќи за телевиијата „МЕГА“ рече дека „билатералните договори оваа година ќе бидат дел од решението за туризмот




