Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вистината на пола пат меѓу правдата и естрадата

0
By Нова ТВ on February 24, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 24, 2020 10:37

По вчерашната аудио-снимка, наводно добиена од свиркач, која на прес-конференција ја објави Антонио Милошоски, се наметнуваат неколку прашања, во чија основа е главното: што е целта на ВМРО-ДПМНЕ, предизборно фрлање сомнеж врз политичкиот опонент или искрена битка за вистината и правдата?

Според досега прикажаното, постапките одат исклучиво во првата насока. Еве зошто. Антонио Милошоски неодамна на собраниска комисија презентира аудио-материјал, наводно добиен од свиркач. Набрзо потоа на собраниска седница побара да презентира и друг таков материјал, но претседателот на Собранието, Талат Џафери, не му дозволи. Милошоски потоа се обрати до Обвинителството за гонење организиран криминал, но во истата прилика ја достави само првата јавно презентирана снимка. Зошто не ја доставил и втората? – И втората можел да ја достави до Рускоска во истата прилика, притоа без да се откаже од правото претходно да ја сподели со јавноста на прес-конференција, како што тоа го стори вчера.

Факт е дека тој не го направи тоа. Сега за втората снимка ќе чека од Обвинителството да реагира по допрен глас, а ако тоа не се случи повторно ќе оди лично да ја достави до Рускоска. Ваквото вртење на кругови индицира дека наводната битка за правда е во длабока сенка на битката за три П: предизборни партиски претстави.

Во спротивно, зошто наместо промптна пријава до Обвинителството, некој би се решил на активности од типот „капка по капка“, осносно „снимки на лажичка“? – Политичари или партии чија цел навистина е искрена битка за вистината, буквално би го затрупале Обвинителството со сите докази или индиции што ги имаат.

Но, тоа не е така во овој случај, што индицира дека не е примарна цел институционална борба против можни мешања на Заев во правосудството, туку естрадна битка, наменета за сензибилизирање на гласачите до изборите.

Второ, и во двата случаја се објавени разговори во кои соговорникот или соговорниците на Заев се непознати, а неговите реченици се издвоени од целокупниот разговор. Оттука и прашањето: дали свесно се емитува снимка осиромашена од контекстот и континуитетот, за утре, доколку врз основа на вештачење таа стане безвредна за Обвинителството, опозицијата да тврди дека некој го штити Заев?

За да нема вакви дилеми, има само едно решение кое може да открие кој за што се залага или кој што сака да сокрие: ако снимките се објават интегрално, од збор до збор. Или, ако е целта да се заштити идентитетот на другите учесници во разговорот, а од јавен интерес е да се објави само ставот на Заев, тогаш нека се објават интегрално барем деловите во кои зборува поранешниот премиер и лидер на СДСМ, без да бидат прекинувани според интересот на оној што ги доставил или на оној што ги презентира.

Само така ќе се елиминираат овие, но и сомнежите зошто прв странски политичар кој се огласи по прес-конфренцијата на Милошоски е Јанез Јанша, кој од словенечки медиум(и) беше посочен како еден од политичарите поврзан со канали за унгарски пари за финансирање на словенечки медиуми, но и на македонски медиуми блиски до поранешниот премиер Груевски.

Но, она што е поважно, со интегралното објавување на изјавите на Заев ќе се елиминираат и сомнежите дали снимката во која се спомнува Јово Вангеловски е објавена со една употреба вредност: да обезбеди алиби за ново пролонгирање на седницата на Советот за жалба при Врховниот суд, кој треба да донесе конечна одлука за разрешувањето на Вангеловски. Особено што и Вангеловски во меѓувреме иницирал постапка пред Судскиот совет за разрешување на двајца врховни судии кои се членови на Советот за жалба и треба да одлучуваат за него.

Ова само по себе навестува нови перипетии и купување време. Ако се има предвид дека Судскиот совет го разреши Вангеловски на 10 септември во 2019 година, и тоа по влечекање од две години, дали со оваа снимка се обезбедува тотално еутанизирање на постапката? Тоа се прашањата што лебдат над снимката и намерите на опозицијата.

Мицкоски пред десетина дена, одговарајќи на прашање дали опозицијата има „бомби“, порача: Следете нè, периодот кој што е пред нас ќе биде исклучително интересен“ Разликата од „интересен“ до „правно вредносен“ до овој момент е прилично занемарена.

Антонио Милошоски аудио-снимки Зоран Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.