Катерина Цаневска: „Човек од збор“, рече. Ама па не е ѕид да не се сврти.
Нема да му требале 25 хигиеничарки во Скопје.
Имало непотребна администрација, превработеност, вишоци.
Ќе се кратело, ќе се рационализирало, ќе се штедело, така на почетокот на декември не убедуваше новиот градски татко Орце Ѓорѓиевски.
На кажаното додржа еден месец, пред Нова година распишува јавен оглас за вработување хигиеничарка на неопределено време.
Плата: 42.837 денари. Тоа се околу 697 евра.
Со основно образование.
Значи, не му требале 25 – туку 26.
Само „сега за сега“.
Во меѓувреме, во Градот беа донесени 12 „свои“ луѓе од Кисела Вода.
За нив немаше вишок. За нив немаше рационализација. За нив немаше стегање на ременот.
Иронијата е поголема кога ќе се види платата.
Речиси 700 евра за позиција со основно образование, во време кога илјадници млади со факултет заминуваат од државата за слични или помали примања, а пари за минимална плата од 600 евра нема.
А зборот?
Не џабе велат, вистински маж не држи до збор.
Извор: Фејсбук



