Published: Friday, July 29, 2016 16:25
Заменикот-гувернер на романската Централна банка, Богдан Олтеану е приведен од страна на анти-корупциониерите под сомнение за вмешаност во корупција кога бил спикер во Парламентот во 2008 година.
Олтеану стана заменик-гувернер во 2009 година, се сомничи дека земал 1 милион евра и друг вид на профит од бизнисмен кој барал назначување на одреден администратор во организацијата Дунав Делта.
Како што јавуваат романските медиуми, Олтеану веќе се наоѓа во притвор, а дирекцијата бара да му биде одреден 30-дневен притвор.
– Истрагата е во тек, обвинителите сакаат тој да остане во притвор 30 дена, вели претставник на дирекцијата.
Олтеану е последниот од низата високи претставници кој се под истрага од обвинителите, по екс-премиерот Виктор Понта.




