НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вицепремиерот Битиќи во „Економски магазин“ на Алсат: Подигнувањето на животниот стандард е највисок приоритет на Владата, минималната плата ќе продолжи да расте

0
By Mirjana on January 13, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Помеѓу останатите теми кои се дебатираа за време на емисијата, вицепремиерот Битиќи се осврна на активностите на Владата за сузбивање на сиромаштијата во државата, при што посочи дека во изминатите две години, Република Северна Македонија, но и целиот свет беа ставени на уште поголем предизвик, со оглед на економската криза во светот којашто беше предизвикана од пандемијата со коронавирусот Ковид-19. Тој потсети дека во Владината програма од 2017 година беше посочено дека сиромаштијата во Република Северна Македонија ќе биде под 16%, а притоа не беа земени во предвид последиците од ковид-кризата, којашто секако не можеше да се предвиди, и кога поради кризата интервентно се променија приоритетитните политики, а додаде дека и покрај кризата направени се сериозни чекори напред кон намалување на сиромаштијата.

„Перцепцијата на граѓаните дека се живее потешко е поради двегодишниот удар кој влијае на економско и здравствено поле, се надоврзува и енергетскиот аспект. Тука се и потребите за задоволување на домаќинствата за храна, кадешто имаше ценовен скок, што не е производ на пазарната економија, туку на однесувањето на чинителите во пазарната економија. Подобрувањето на животниот стандард на граѓаните е еден од највисоките приоритети на Владата, а тој доаѓа преку достоинствени плати за граѓаните“, порача вицепремиерот.

Битиќи додаде дека Владата, синдикатите и граѓанскиот сектор се на иста страна во поглед на платите, но енергетската криза, економската криза и политичките состојби не дозволија минималната плата да се зголеми уште во месец декември, но раст на минималната плата во следниот период ќе има.

„Во 2016 година минимална плата беше 9.000 денари или 38 % од просечна, на крај на декември 2021 просечна плата е 29.145 денари, на околу 1000 денари од ветувањето за 500 евра просечна плата и покрај двегодишната кризата, а минималната плата во ноември 2021 е 15.145 денари и е на ниво од 52,2 % од просечната плата. И ова е еден од показателите кој влијае на намалување на сиромаштијата. За четири години уделот на минималната плата во просечната плата е зголемен за цели 14 процентни поени. Ветувањето за покачување на минималната плата во програмата на владата и барањето на синдикатите за покачување на минималната плата на 18.000 денари, остануваат високи приоритети на новата Влада, но секако дека остануваме на ставот дека сите интервенции на платите треба да се  извршат преку економско-социјалниот совет, односно преку дијалог со сите социјални партнери, за да имаме решенија кои се одржливи“, потенцираше вицепремиерот Битиќи и нагласи дека со ова покачување, минималната плата би изнесувала околу 58-59% од просечната плата во земјата, што е едно од синдикалните барања и барањата на работниците.

Борбата против сиромаштијата не бара само интервенции од државата, туку сеопфатен пристап, нагласи вицепремиерот и притоа додаде дека во таа насока се работи на изготвување на Национална развојна стратегија, како системски документ кој треба сеопфатно да одговори како ќе се справуавме како држава со сиромаштијата, што е долгорочен процес .

„Дополнително, со социјалната реформа која ја спроведовме, влијаевме за намалување на степенот на сиромаштија и ако не ја преземавме оваа реформа, сега во време на пандемија ќе зборувавме за многу поголема стапка на сиромаштија од она што е во моментов. Ние во овој момент, имаме околу 35.000 приматели на гарантиран минимален приход од 12.000 денари, наспроти околу 80.000 луѓе кои претходно добиваа социјална помош по три-четири илјади денари, со кои тешко да се поминат неколку дена. Гарантираниот минимален приход е финансиска помош за одредени категории, за да се снајдат на пазарот на трудот, станат активни баратели на работа и најдат соодветно работно место. Да не го занемаруваме и фактот дека со помош на економските мерки за помош во време на пандемијата, Владата успеа да спаси околу 60.000 работни места, што беше потврдено и од Меѓународниот монетарен фонд“, посочи Битиќи.

Во однос на енергетската криза, вицепремиерот потсети  дека уште минатата година Владата го намали ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто, а сега ќе следуваат нови мерки, од кои првата од нив е субвенционирање од 600 до 800 денари на месечно ниво на сметките за електрична енергија за 7.500 семејства со ниски примања.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Алсат битиќи Економки магазин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.