Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вицепремиерот за европски прашања се сретна со Коѕиас

0
By Нова ТВ on August 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, се сретна со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас.

На средбата, Османи и Коѕиас разговарале за можностите за унапредување на соработката меѓу двете земји, a кои се отворија со новиот политички импулс во односите со соседите кој го донесе новата Влада. На средбата, Османи му го претстави и Планот 3-6-9 на Коѕијас, чија имплементација, како што истакна Османи, е во насока на откочување на процесите поврзани со европската интеграција на Македонија.

Вицепремиерот Османи особено ја истакна успешната билатерална соработка меѓу Македонија и Грција, која е исклучително позитивна во делот на искористување на средствата од ИПА во проектите за прекугранична соработка, како и соработката во рамки на твининг проекти и инструментот ТАЕКС.

– Во овој дел, иако постои веројатно и најголем напредок во соработката меѓу двете земји, тоа се сегменти кои сѐ уште имаат и најголем потенцијал за унапредување на меѓусебната соработка, како важен сегмент од изградбата на доверба меѓу двете општества – истакна Османи.

Вицепремиерот Османи изрази задоволство од унапредувањето на меѓусоседската соработка меѓу двете земји, и посочи дека изградбата на довербата не ја гледа само како обврска да се биде добар сосед и пријател, туку и заложба од тоа да произлезе и решение за нашата насушна потреба за членство во НАТО.

– Ако ја зачуваме оваа енергија, ако го зачуваме ова ново пријателство, ако ја зачуваме оваа волја која и двете земји овој период јавно ја демонстрираме, решение ќе има –  додаде Османи.

На крајот од средбата двајцата соговорници се согласија дека евро-атлантските интеграции на земјава се единствена алтернатива со која ќе се зајакнат и стабилноста и безбедноста на регионот, како и да се одржи комуникацијата меѓу двете земји со отворен дијалог за партнерство.

Бујар Османи Никос Коѕиас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.