Владата ја демантира информацијата што денеска ја објави ТВ21 за скорешна легализација на марихуаната.

-Станува збор за дезинформација. Не постојат тековни владини анализи за легализирање на марихуаната за рекреативни цели. Владата останува на почитување на постоечката регулатива со која во земјата е дозволено производство на канабис исклучиво во медицински цели, се вели во реакцијата.

ТВ21 повикувајќи се на извори во Владата, објави дека за почеток тоа ќе се случи во туристичките места, односно во Охрид и во Струга.