Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски во врска со информацијата за прислушување на фиксната телефонија во Јавното обвинителство што денеска ја објави јавниот обвинител на РМ Љубомир Јовески рече дека Владата остро со осудува случајот и оцени дека ваквите работи се рецидив на минатото и пракса на минатите вадејачки и недемократски структури.
Владата очекува дека институциите ќе посветат максимални капацитети во истрагата, дека ќе се расчисти настанот и дека јавноста веднаш и целосно информирана.
-Тоа што можеме да го кажеме дека МВР е целосно вклулено во предистражната постапка. одговорноста мора најпрво да биде идентификувана, утврдена и целиот случај да има ефикасна судска разрешница, рече Бошњаковски. Тој не можеше да каже дали полицијата претходно била вклучена.
Бидејќи настанот е објавен денеска, Бошњаковски рече дека за ова не расправала Владата.