НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: Усвоени измени на шесте клучни закони за процесот на дигитализација

0
By Sashko on October 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на денешната седница ги усвои измените на законите за лична карта, за матичен број, за државјанство, за лично име, за патни исправи на државјани на Република Северна Македонија и за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните.

Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски, со измените се овозможува граѓанинот да може да поднесе барање и преку средство за електронска идентификација преку Националниот портал за електронски услуги, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги. Воедно, потребните документи кои се потребни во постапката, институцијата ги прибавува по службена должност преку Националната платформа за интероперабилност, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги.

Наведените закони, како прв дел од пакетот измени, ќе овозможат целосна електронска комуникација на сите нивоа и меѓу сите субјекти во правниот промет, на начин што овозможуваат употреба на средства за електронска комуникација и електронска идентификација. Дополнително, овие закони овозможуваат електронско обезбедување на административни услуги, од поднесокот на барањето, до издавање на актот со кој завршува постапката. Имено, процесот на дигитализација, како механизам за спречување на корупција ќе обезбеди намалување на човечкиот фактор, односно намалување на субјективното влијание на службениците кои ги водат постапките, информира Кабинетот.

Овие измени, како што се додава во соопштението, се резултат на интензивната работа на Работната група за подготовка на измени и дополнувања на закони заради дигитализација на процеси определени со закон.

Влада Дигитализација закони Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.