Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата бара помош од меѓународни донатори за справување со загадувањето

0
By Нова ТВ on December 10, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата бара финансиска и техничка помош од меѓународните донатори во борбата против аерозагадувањето и спроведувањето на двегодишниот национален план  со кој се очекува намалување на загадувањето за 50 проценти.

Националните средства што се обезбедени од Буџетот, како што беше посочено на денешната донаторска конференција организирана во Владата, не се доволни за да се спроведе Планот за борба против аерозагадувањето, а потребна е и техничка помош и размена на позитивни искуства од европските држави во справувањето со овој глобален проблем.

Од Владата најавуваат помош во замената на старите нееколошки системи за затоплување со нови еколошки во јавните институции и во домаќинствата, субвенции за купување на еколошки возила и за вградување на плински уреди, а се надеваат дека ќе биде донесен и закон со кој ќе се забрани користењето на јаглен како средство за затоплување.

– Граѓаните не сакаат да загадуваат, но ние треба да им помогнеме и тоа ќе го направиме со субвенции за еколошки извори, со подигнување на енергетската ефикасност на објектот, со замена на печките на јаглен и се надевам дека ќе добиеме консензуална поддршка во Собранието да се донесе закон за забрана за користење јаглен како извор на затополување. Тоа ќе биде една драстично корисна мерка која не треба да се искористи од аспект на социјала, туку од аспект на заштита на животната средина како една од клучните компоненти, изјави заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули пред почетокот на конференцијата.

Според него, замената на старите и нееколошки системи за затоплување би дала најбрз резултат во однос на загадувањето бидејќи, како што посочи, четири различни студии покажале дека околу 46 проценти во загадувањето учествуваат домаќинствата кои не се греат само на дрва и јаглен, туку користат и пластика и гуми.

– Ова не е само екоолошки, туку и економско прашање. На пример, градинка во општина Центар која се грее на нафта и која годишно троши 18 илјади евра, ако греењето го замени со инвертери тогаш сметката ќе се намали на 3,5 илјади евра, појаснува Макрадули, додавајќи дека во борбата против загадувањето потребно е да се вклучат сите чинители на државата тргнувајќи од институциите до невладиниот сектор и граѓаните.

Се надева дека доколку се продолжи со замена на нееколошките извори, чистење на депониите, засадување на садници, засилени инспекции и заплена на нееколошки средства, резултатот брзо ќе дојде.

Според вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој е и национален координатор на странската помош, загадувањето не може да се реши со магично стапче и ад-хок решенија, туку  потребни се краткорочни и долгорочни стратегии со низа мерки и активности за целосно надминување на проблемот.

– И сега имаме поединечни активности на донаторите преку разни проекти, но важно е тие да бидат комплементирани и во линија на нашата стратегија и да не се преклопуваат, изјави Османи, додавајќи дека има добар одѕив од меѓународната заедница, меѓународните финансиски институции и организации.

Речиси сите извештаи покажуваат дека во изминатиот период Скопје, Тетово и Битола се едни од најзагадените градови во Европа.

аерозагадување Влада донатори меѓународна помош
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.