Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата даде зелено светло да започне изградбата на новиот Клинички Центар

0
By Нова ТВ on July 30, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на денешната седница ја усвоила информацијата за започнување на изградба на новиот Клинички Центар на гринфилд локација во Скопје, соопшти Министерството за здравство, кое како договорен орган сега треба да ја спроведе постапката за јавна набавка.

-За потребите и реализација на новиот Универзитетски Клинички Центар на гринфилд локацијата во Општина Ѓорче Петров од аспект на изведба на инфраструктурни објекти и водови, Министерството за здравство поведува иницијатива за поддршка од надлежните институции (министерства, агенции и органи на извршната власт, општините во Град Скопје и Град Скопје), преку јавните претпријатија во чија надлежност се истите, да ги согледаат можностите за изготвување на потребна документација со техничко решение за изведба на инфраструктурните објекти и водови и со тоа да дадат свој удел во реализацијата на проектот за нов Универзитетски Клинички Центар на гринфилд локацијата, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Задолжено е Министерството за финансии, во соработка со Министерството за здравство да отпочне преговори со конзорциумот на банки Erste group, Raifaisen bank и UniCredit за заем обезбеден со гаранција од ECA. На седницата е констатирано дека е завршена фазата на утврдување најповолна понуда на кредит, а тоа што станува збор за познати светски банки, само ја потврдува довербата на странските кредитори кон нашата држава.

На седницата е задолжено Министерството за здравство, како договорен орган, да ја спроведе постапката за јавната набавка за изградба. За потребите и реализација на новиот Универзитетски Клинички центар, Владата донесе одлука, со оглед дека во изведбата обврски имаат и други министерства и институции, да даде рок од 30 дена, во коишто тие ќе ја разгледаат можноста за придонес во реализацијата и повратно ќе ја известат Владата.

На владината седница е констатирано, дека доколку сите процедури се одвиваат според предвидената динамика, може да се очекува во текот на зимата да биде поставен камен-темелникот на новиот Универзитетски клинички центар во Скопје.

Владата уште во мај најави дека темелите на новиот Клинички центар треба да се стават до крајот на оваа година, откако ќе се знае почетната финансиска конструкција по завршување на физибилити студијата и доколку се исполни панираната динамика. .

Физибилити студијата ја изработуваше АХАСЕ, австриската агенција за здравство, во согласност со меморандумот меѓу австриското Министерство за техника и нашето Министерство за здравство што е бесплатна техничка помош. Во дискусијата за промените што водат до поквалитетни здравствени услуги, пред еден месец, во емисијата „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“ на НРТВ, премиерот Заев изјави дека проектот со сите детали за новиот Клинички центар е завршен, а изградбата ќе почне наесен во општина Ѓорче Петров каде овие денови започнаа катастарските работи за уредување на локацијата.

„На есен ќе започне уредувањето на теренот, а потоа и првата фаза од изградбата, опремувањето и обуката на вработените за да бидат подготвени да работат со најсовремената опрема која таму ќе биде вградена во последната фаза“, рече тогаш, премиерот Заев.

Сеапк, нема информација дали има главен проект за овој грандиозен објект. На почетокот на јули од Министерството за здравство за НОВА, потврдија дека „во тек е законски утврдена постапка за избор на потенцијален финансиер на проектот или начинот на финансирање“.

„Како надлежно Министерство, навремено ќе ја информираме јавноста за сите следни конкретни чекори кои произлегуваат од законите и процедурите поврзани со реализацијата на овој проект од висок национален интерес“, одговорија од Министерство за здравство на 4 јули годинава.

Од таму објаснија дека биле задолжени Министерството за финансии и Министерството за здравство да изготват барање за изразување интерес за заем до финансиски институции и билатерални кредитори и странски комерцијални банки за финансирање на изградбата на новиот Клинички центар.

НОВА на почетокот на февруари објави дека Клиничкиот центар најверојатно нема да се гради со кредит од Банката на Советот на Европа и дека се преговара со австриската компанија која би го градела грандиозниот објект.

По ова излегоа непотврдени информации дека германската компанија „Обермеар “ најверојатно ќе го изработува главниот проект за изградба на Клинички центар, а според информациите до кои дојде НОВА,  Министерството за здравство наводно потпишало договор со германската фирма за изработка на  главниот проект.

Власта досега не излезе со конкретни информации со кои финансиски средства ќе се гради Клиничкиот центар,однсоно од каде ќе се анјдат пари,  кој ќе го изработува главниот проект и дали ќе има доволно време да се направи сето тоа до предвидениот рок, до крајот на годината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.