Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата демантира: Јазикот и идентитетот не се на маса за преговори

0
By Biljana on June 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет никогаш не биле и никогаш нема да дозволиме да бидат масата за преговори со било која страна, одговорија од Владата на наводите на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека биле координирани тајни преговори во кои било понудено Декларацијата од бугарскиот Парламент да стане дел од преговарачката рамка со Европската унија. Оттаму велат дека со македонскиот идентитет не смее и нема да си игра ниту оваа, ниту било која друга Влада.

„Овој наш став е јасно разбран и поддржан од пошироката меѓународна заедница како што впрочем е јавно соопштено и во ставовите на голем број европски лидери. Тоа го знае и Мицкоски, но тој, како и многу пати до сега, не пропушта прилика да му наштети на секој процес, не секоја иницијатива која отвора перспективи и решение. Исплашен од таа можност презема и вакви штетни постапки спротивно на сѐ што е во интерес на граѓаните и државата, вклучувајќи ја и оваа негова изјава преполна со неточни тврдења. Со обидот за гол популизам и манипулации со фактите, иако му се добро познати, уште еднаш станува јасно дека лидерот на опозицијата делува целосно деструктивно и се обидува да ги минира дипломатските процеси кои во најдобрите европски манири нудат решение низ дијалог“, велат од Владата за Пресс 24.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, денеска на Фејсбук објави дека добил, како што напиша, алармантни информации од дипломатки извори дека специјалниот пратеник во Софија, Владо Бучквоски и премиерот Заев деновиве координирале тајни преговори каде се нуди Декларацијата усвоена во бугарскиот Парламент да стане дел од преговарачката рамка со ЕУ.

„Дел од документот на бугарското Собрание се оспорување на генезата и посебноста на македонскоит јазик, ревизија на историјата и периодот на нашата антифашистичка борба, како и присвојување на важни личности од македонската историја како бугарски и уште редица отстапки кои се погубни за Македонија“, напиша Мицкоски на Фејсбук и додаде дека на тој начин Македонија се става во позиција да преговара за македонскиот идентитет и јазик.

„Ако Заев го прифати ова, тоа значи дека нѐ става во позиција да го негираме македонскиот идентитет и да прифатиме дека како народ постоиме од 1945 година, што е небулоза и срам за сите нас и за нашите предци и поколенија. Не смееме да дозволиме овие двајца политички измамници да ја понижат жртвата на нашите предци и да ја загрозат иднината на нашите потомци“, пиша Мицкоски.

Дека за јазикот и идентитетот не се преговара, денеска потврди и премиерот Зоран Заев, коментирајќи го португалскиот нон пејпер, изјави дека за јазикот и иднетитетот не се преговара.

„Португалскиот предлог за нас е одлична појдовна основа за постигање на договор. Кога велиме за нашите страни ги знаете – македонскиот јазик и македонскиот народ и идентитет се нешто за кое што не сакаме документ да погледнеме, не предлог. И тоа им е јасно на сите. Впрочем кога разговараме и со соседите, со Бугарија зборуваме дека и тие ја прифаќаат реалноста на македонскиот народ и македонскиот јазик, но важно е како се формулираат самите ставови“, рече Заев во одговор на новинарски прашања по увидот во реконструираното одделение во Комплексот на Клиниката за торакална хирургија „Мајка Тереза“.

Влада Договор Македонија Бугарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.