Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ги намали трговските маржи на основните прехранбени производи

0
By Mirjana on June 14, 2022 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 14, 2022 14:01

Владата ја утврди најголемата трговска маржа за основните прехранбени производи  во трговијата на големо и во трговијата на мало. Одлуката која стапува утре по излегувањето во Службен весник, важи до 30 септември, изјави министерот Крешник Бектеши.

„Од утре заклучно со 30 септември за цел бел леб, бел леб сечен на парчиња, бел шеќер и сончогледово масло за јадење, највисоката трговска маржа во трговијата на големо и на мало е 5 отсто. За брашно од пченица тип 400 и тип 500  за макарони и шпагети од тврда пченица , за бел ориз и млеко се утврдува највисока трговска маржа од 10 отсто во трговијата на големо и во трговијата на мало, изјави министерот Бектеши.

Како важна одлука која ќе трае до крајот на годината, во делот на формирањето на цените, Владата ја донесе одлуката со која нема да се пресметува рабат и никакви дополнителни оперативни трошоци на секој трговец на мало а кој ги плаќа трговецот на големо или производителот и нема да има дополнителни трошоци за рекламирање и позиционирање на производите, рече Бектеши.

Тој соопшти и дека деновиве , по најавата за намалување на рабатот некои трговски дуќани ги намалиле цените на одредени производи.

„Ако пазарниот инспекторат и другите надлежни институции забележат на други места енормно зголемување на цените, ние ќе ја прошириме листата ако треба и на дневна основа. Се соочуваме со една од најголемите кризи, нема да  дозволиме некој да прави профити како порано а со покачување на цените за 60 -70 отсто врз грбот на граѓаните,треба да преовлада моралот и етиката, изјави министерот Бектеши.

Тој информира дека по донесувањето на ребалансот на буџетот мерките за граѓаните и стопанството за ублажување на ценовниот шок, а кои овој пат се потаргетирани, ќе бидат веднаш ставени во функција.

Мирјана Трпческа 

 

 

Владата ги намали трговските маржи кај основните прехрамбени производи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.