Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ги продолжува роковите за легализација на објекти

0
By Нова ТВ on August 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата на денешната седница го усвои Предлогот на Министерството за транспорт и врски за измени и дополнувања на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со што се дава нова можност за легализација на дивоградбите.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на прес-конференција во Владата информира дека по извршената теренска анализа и непосреден контакт со засегнатите странки утврди дека во Република Македонија досега процентот на легализирани дивоградби е на ниво околу 40 или околу 186.000 објекти кои се легализирани и запшани во катастарот.

– Тргнувајќи од принципот дека легализацијата на дивоградбите мора да биде достапна до сите категории на граѓани на кои овој проект им е неопходен за конечно да си го остварат своето уставно право на сопственост и при тоа државата да води сметка од ниту еден аспект да не го загрози социјалниот аспект на живеење- рече Сугарески.

Владата ќе воведе нови рокови со кои на засегнатите граѓани ќе им овозможи дополнително време и тоа: прво, нови 12 месеци сметано од 1 јануари до 31 декември 2018 година за сите граѓани кои претходно не успеале да поднесат барање за легализација и сега тоа свое право да можат да го остварат во овој дополнителен рок. И нови шест месеци од 1 јануари до 30 јуни 2018 година за сите граѓани кои за претходните барања не ја обезбедиле неопходната документација да стекнат право во овој дополнителен рок да поднесат нови барања за легализација со комплетна документација.

Услов за легализација на објектот е истиот да бил изграден заклучно со 3 март 2011 година. Појасни дека и натаму остануваат истите неопходни документи за аплицирање како и претходно.

Дополнително, рече Сугарески, за да нема никакви компликации за сите претходни предмети кои имаат некомплетна документација единиците на локалната самоуправа преземаат обврска во најкус рок да ги известат сите засегнати странки дека нивните претходни барања се невалидни, за истите да можат да го искористат новиот рок од шест месеци да поднесат ново барање со целосна документација.

– Сметаме дека со тоа што предвидовме овие рокови да започнуваат да течат од 1 јануари 2018 година оставаме доволно време на сите општини во Република Македонија, како и ние во Министерството за транспорт и врски, заедно да ги извршиме сите неопходни подготовки за да ги ставиме во функција сите расположливи капацитети за да можеме сите нови барања за легализација на дивоградбите да ги завршиме во предвидените рокови- посочи Сугарески.

Тој ги повика сите пратенички групи во Собранието на Република Македонија да ги прифатат овие законски измени кои се исклучиво во интерес на граѓаните на Република Македонија.

Горан Сугарески дивоградби Министерство за транспорт и врски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.