Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ги затвори истрагите на Груевски за “десоросоизација“

3
By Нова ТВ on November 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 17, 2017 15:42

Владата ги затвори истрагите против невладините организации, што беа отворени на крајот од минатата година по најавата на поранешниот премиерот Никола Груевски дека ќе почне процес на „десоросоизација на општеството“.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска беше во посета на СВР Скопје, кажа дека истрагите на неколку државни органи не откриле ништо незаконско кај невладините.

Под истрага беа 21 невладина организација.

-По извршените анализи и консултации со Обвинителството за организиран криминал и корупција, МВР, односно Бирото за јавна безбедност, заедно со Управата за финансиска полиција, ги затворивме овие истраги, бидејќи навистина не постојат никакви докази што ќе ја потврдат основаноста на сомненијата дека нешто е направено. Има поднесено една кривична пријава во СВР Струмица, која се однесува на незначителна сума прикривање на персонален данок, меѓутоа никаква друга организирана нелегална дејност од невладините организации во Македонија и затоа е затворена оваа истрага, рече Спасовски.

СОС Фото Курир

Веднаш по говорот на Никола Груевски на 17 декември 2016 пред ДИК, тогашната власт започна хајка против повеќе невладини организации кои ги етикетираше како „непријатели на власта и на државата“, а како нивен финансиер го посочуваа сопственикот на фондацијата Сорос, Џорџ Сорос.

Во јануари годинава беше формирани граѓанско здружение „Стоп Операција Сорос“, кое ја етикетираше Фондацијата Сорос како „радикална левичарска и тоталитарна“, и дека нејзината цел е „да се избришат идентитети, народи и нации и да се создаде едно  „отвореноопштество“ со кое ќе управува некој од надвор“, што според нив „сериозно ја загрозува безбедноста на Македонија преку своето делување“.

Како негови основачи во медиуите се појавуваа новинарите Цветин Чилиманов, Ненад Мирчевски и Никола Србов.

десоросоизација затворена истрага Оливер Спасовски Стоп операција Сорос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.