Грчкиот парламент му изгласаа доверба на премиерот Алексис Ципрас синоќа по тридневната дебата за програмата на новата влада.
Премиерот Ципрас вети брзо спроведување на реформите кои ги бараат меѓународните кредитори.
Владата на Ципрас, поддршка доби од 155 пратеници од владината коалиција додека против беа 144 опозициони пратеници.
Ципрас изрази надеж дека ќе се спроведе расправа околу реструктуирањето на грчките долгови, за да се докапитализираат потклекнатите банки и да се привлечат странски инвестиции во овие тешки економски времиња за неговата земја.
Атина пак во средата се задолжи дополнително со нешто над 1 милијарда евра за да може до петок да ги исплати обврзниците во вредност од 1.4 милијарди евра, објави Агенцијата за управување со јавниот долг.




