Американската влада им забрани на сојузните агенции да го употребуваат софтверот на руската компанија Касперски Лабс, специјализирана за информатичка безбедност, поради наводна врска на оваа компанија со руските разузнавачки служби.
В.д. министерката за обрана Елен Дјук им наредила на вработиените во сојузните агенции во рок од 90 дена да ги отстранат софтверите Касперски лабс од сите компјутери на владата и на агенциите.
-Министерството е загрижено поради некои врски на претставници на Касперски со разузнавачки служби и со други руски владини агенции, вели Дјук во соопштението.
-Руската влада која може да делува сама или во соработка со компанијата Касперски би можела да ги искористи производите на Касперски за пристап до документите и информатички системи на владата и да ги компромитира, што би имало директно влијание на националната безбедност на САД, вели Дјук.
Канцеларијата задолжена за набавки на американската сојузна влада го повлече Касперски Лабс од листата на дозволени произведувачи.




