Published: Friday, June 12, 2015 15:26
Владата на Виктор Понта го преживеа гласањето во романскиот Парламент, откако пратениците не изгласаа недоверба на владата.
Гласањето беше по барањето на опозицијата, поради обвинувањата против Понта за перење пари и корупција.
За прифаќање на гласањето беа неопходни најмалку половина плус еден глас од вкупно 554-члениот парламент. На седницата присуствуваа 417 пратеници, а само 214 од нив гласаа.
Од гласовите, 194 пратеници гласаа „за“, 13 гласаа „против“, а седум од гласовите беа неважечки.
Владејачката коалиција присуствуваше на седницата, но не учествуваше во тајното гласање.
Понта пред гласањето изјави дека не ја обвинува опозицијата затоа што не е во состојба да ја собори владата.




