Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата не чувствува одговорност за загубените 27 милиони евра од ЕК

1
By Нова ТВ on July 2, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 2, 2016 16:33

Владата не само што не чувствува одговорност поради кратењето на 27 милиони евра од ИПА фондовите од Европската комисија (ЕК) туку смета дека вината ја носи всушност опозицијата.

По изјавата на портпаролката на ЕК Маја Коцијанчич дека кратењето на помошта за Македонија за 2016 година, кои Македонија ги добива како неповратни средства за да ја забрза својата интеграција во ЕУ, изнесува 27 милиони евра, писмено реагираше и Владата.

Во изјавата од Владата стои дека овие кратења на фондови не се санкции туку  намалување на доделените и испратени пари за Македонија:

„Не станува збор за санкции туку за намалување на програмските средства. Има два аспекти – внатрешен и надворешен. Внатрешниот е поврзан со фактот дека повеќе од една година лебдеше спроведувањето на избори. Во тој период институциите беа политички хендикепирани преку блокирачки механизми во неколку клучни министертства вклучително и министерството за финансии.

FRANCE-ECONOMY-FINANCE-CRISIS-DEBT-EUROS-FEATUREНајголемата опозициска партија своето учество во Владата не го искористи за зголемување на довербата во избирачкиот процес како што е предвидено со договорот. Сосем спротивно фокусот го стави на блокирање на институциите и правење што поголема штета за државата.

Надворешниот фактор, пак, е поврзан со искуствата на Европската комисија со претходните процеси на проширување, поради што со новите инструменти се предвидени повеќе рестрикции кои ги ограничуваат обемот и областите на прилив на европски фондови“, вели Владата.

Во изјавата на ЕК испратена утринава од Брисел, се вели дека властите во Македонија немаат ниту политичка волја за исполнување на ветените реформи:

„Во последниве години и особено во текот на минатата година, Европската комисија постојано на властите им ја искажуваше својата загриженост за тоа дека нема подготвеност и нема зрелост во планирањето во клучните сектори, како и дека нема политичка посветеност за да се исполнат потребните секторски реформи, а нема и посветеност за реформи воопшто. Како резултат на ова Комисијата сега мора да ја намали финансиската помош која ја имаше предвидено за 2016, а исто така  одлучи и да не продолжува со нов проект”.

ЕК додава дека кратењето во моментов изнесува 27 милиони евра. И најавува дека од кратење ќе страдаат и проектите од транспортниот коридор 8 за изградба на пругата кон Бугарија.

Во соопштението на ЕК се вели дека “има многу недостатоци во транспортниот сектор кои спречуваат коректно планирање и координација” и дека “земјата треба да се фокусира на мерки кои ќе овозможат одржливост на големите инфраструктурни проекти”.

Можно е европската помош за судството во висина од 13 милиони евра да биде скратена поради тоа што во Брисел се уште важи оценката дека и покрај сите владини заложби и европска помош, судството и понатаму е зависно од власта.

„Влошувањето на политичкиот контекст е една од причините зошто Владата и администрацијата за жал не биле способни, или немале волја, да ги испорачаат реформските определби или да покажат неопходна подготвеност за реформи или примена на фондовите на ЕУ”, вели Комисијата.

И европските ревизори со седиште во Луксембург објавија извештај неделава за европската помош за Македонија. Заклучокот на оваа институција е строг и вели дека примената на европската помош за јавната администрација има многу ограничен напредок.

„Националните власти треба да се фокусираат на две клучни точки: борбата против корупцијата и јавните набавки. За таа цел земјата треба да преземе сериозна обврска, многу поголема од сегашната. И да се сети дека ова е голема можност да се има добра јавна администрација”, вели Ханс Густаф Весберг, член на Европскиот ревизорски суд.

Според ревизорите, проблемот лежи кај властите кои не даваат активна поддршка за ефикасна употреба на европските пари.

Овој извештај може да се смета како најава за идните кратења на помош за Македонија во областите на борба против корупцијата и јавните набавки.

Брисел предвиде 664 милиони евра за Македонија во периодот од 2014 до 2020 година за повеќе сектори помеѓу кои се јавната администрација, транспортот, борбата против корупцијата, владеењето на правото или фундаменталните права.

Помеѓу 2007 и 2013 година Македонија имаше предвидено 615 милиони евра за Македонија но овие пари не се употребени како што било планирано.

Европска комисија ИПА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
ФОКУС
April 18, 2026

Штип: 41-ви Марш за Ангелите

ВЕСТИ April 18, 2026

 Родителите бараа одговори кој кого штити и зошто не се постапувало навреме за да се…

Техеран: Ормутскиот теснец пак затворен – се бара дозвола за секој брод одделно

April 18, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026
ТИКЕР

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026

Насилни судири во Тирана по антивладин протест

April 18, 2026

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.