Published: Wednesday, November 11, 2015 14:54
Шпанската Влада поднесе жалба до Уставниот суд за поништување на одлуката на регионалниот парламент на Каталонија за започнување на процесот за независност.
Според шпанскиот премиер Мариано Рахој, овој потег не е само реакција на предлогот за отцепување, туку се работи за одбрана на земјата, додавајќи дека на североисточниот дел нема да му се дозволи да се одвои од Шпанија.
Регионалниот парламент со седиште во Барселона во понеделникот изгласа одлука да се започне со процесот на отцепување на Каталонија во следните 18 месеци.




