Владата подготвува нов Закон за енергетика, чија цел е подобрување на севкупната состојба на уредување на односите во енергетскиот сектор и јасно ќе бидат определени правилата за сигурно, безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија, соопштија од Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев
Овој реформски закон ќе биде усогласен со обврските преземени од Енергетска заедница за имплементација на Третиот пакет, што претставуваат сет на директиви и регулативи на Европската Унија.
Новиот закон ќе содржи европски правила и реформи со кои Македонија ќе фати чекор со регионот и реформските процеси со кои се доцни со години.
Рокот до кога требаше да се имлементира Третиот пакет беше 1 јануари 2015 година, а непочитувањето на преземените обврски беа причина Европската енергетска заедница да отвори спор против Македонија.
Од Кабинетот на Анѓушев исто така демантираа дека Владата одлука за поскапување на струјата, со поајснување дека Владата не одлучува за цената на струјата.

