Published: Friday, October 27, 2017 20:01
Владата на Република Македонија на денешната седница донесе одлука за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот на Република Македонија за 2017 година, за да се обезбедат финансиски средства за набавка на соодветните инкубатори во итна постапка за Државната клиника за гинекологија во Скопје, како и за дел од останатите јавни здравствени установи во државата – пишува во соопштението од денешната владина седница.
Премиерот Заев, на почетокот од месецов најави купување на 20 нови инкубатори.
Недоволниот број на инкубатори се сметаше дека е една од причините поради зголемената смртност на новороденчињата минатиов период.




